Милошоски ја обвини Владата за фалсификат – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/20 10:23 PM

Милошоски ја обвини Владата за фалсификат

Пратеникот Антонио Милошоски на прес конференција укажа дека повлекувањето на Предлог законот за јавно обвинителство е извршено само со потпис на како што рече „лицето Оливер Спасовски“, а не со одлука на Владата.

-Не може Оливер Спасовски сам, во свое име, без одлука на Владата, без записник, да достави парче хартија без никаков легитимититет и е злоупотреба на неговата позиција, што е спротивно на Деловникот за работа на Владата и да побара повлекување на законско решение од Собранието, без никаква одлука, изјави Милошески, кој кажа дека ова е тест за функционирање на институциите.

Вториот фалсификат за Милошоски е откако се одржале тајни средби во Собранието се пораките кои ги добиле дека е одржана нова седница на влада со нови точки, кои според пратеникот, не е точно и се работи за фалсификат.