Закажана нова пленарна седница на Собранието за вечерва – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/20 9:59 PM

Закажана нова пленарна седница на Собранието за вечерва

Службата за информирање на Собранието, за вечерва во 21:15 часот ја закажа 135 седница, на која се очекува да се разгледа вратениот и дорбаботениот текст на Предлог законот за јавно обвинителство. Седницата доцни, иако Владата соопшти дека ги усогласила и усвоила измените.
Во текот на вечерта само што започна 134 седницата на Собранието на чиј дневен ред беше Предлог законот за јавно обвинтиелство, спикерот Талат Џафери ја затвори бидејќи Владата го повлекла предлогот.

На почетокот на седницата реагираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски со барање за еден час пауза бидејќи, како што рече, ги немаат видено новите предлог законски решенија што ги доставила Владата.

–  Пред само неколку минути добивме предлог повлекување на законот за ЈО  и законот за изменување и дополнување на законот за советот на јавни обвинители. Истите овие дописи немаат потпис од претседателот на Владата и доставени се нови предлог закони со одредени измени. Од информациите што ги имаме, а вие како медиуми можеме полесно да ги добиеме затоа што денеска опозицијата беше под целосна изолација, точка за повлекување на законите не била утврдена на дневниот ред на Владата, рече Мицевски.

Сепак, Владата веднаш доставила нов Предлог-закон за обвинителство и тој ќе биде на дневен ред на наредната седница. Најавите од Собранието се дека почетокот се очекува по 22 часот.