Богата програма на јубилејниот „Саем за венчавки“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/20 3:03 PM

Богата програма на јубилејниот „Саем за венчавки“

Јубилејниот 10-ти “Wedding Weekend”, “Wedding Expo” или Саем за венчавки и оваа година традиционално ќе се одржи во хотел Александар Палас од 21 до 23 февруари.

Отворањето се најавува како вистински спектакл

За почеток, предвидена е специјална програма со модна ревија на венчаници и машки костуми, специјален перформанс со музичка програма, ревија на накит и свечен коктел. Како модели и оваа година ќе дефилират  познати ликови од естрадата.

Над 50 изложувачи

Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне во решавањето на дилемите на идните брачни парови, па освен венчаници и костуми, ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и др. Ќе има над 50 изложувачи од кои некои се познати интернационални брендови.

Три дена забава и богата програма

Саемот за посетители ќе биде отворен од 22-ри(сабота) од 9 до 20 часот и 23-ти (недела)  од 9 до 19 часот. Планирани се 12 модни ревии на венчаници, машки костуми и накит, но и многу награди за посетителите, како и голем број на специјални изненадувања.

Шопинг картичка и саемски попусти

Најдобриот начин да заштедите во организацијата на вашата свадба е да ги искористите саемските попусти и да аплицирате на едноставен начин за Шопинг Картичка со испраќање на меил со вашето име и презиме на:  vobelo.com@gmail.com. Со персонализираната шопинг картичка во текот на 2020 ќе можете да го добиете саемскиот попуст кај изложувачите. Картичките ќе се издаваат на самиот влез на саемот.