Најмалку двајца загинаа откако од шини излета брз воз во близина на градот Лоди на северот на Италија.
Железничката несреќа се случила утрово во 5:35 часот по локално време. Најмалку 30 луѓе се повредени во превртените два вагона. Возот сообраќал на линија Милано-Рим.
Според италијански медиуми, загинале двајцата машиновозачи.