БиХ: Муслимани достоинствено погребаа сосед Србин на православни гробишта – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/20 11:29 AM

БиХ: Муслимани достоинствено погребаа сосед Србин на православни гробишта

Милан Лалушиќ (69), кој живеел сам во селото Раштелица, општина Хаџиќи (Босна и Херцеговина), наместо семејството, кое го немаше, достоинствено на православните гробишта го погребаа соседите муслимани. Покрај тоа што сипратија добар човек, соседите на овој начин му заблагодариле што и тој учествувал со прилог за изградба на локална џамија.

Во организацијата на погребот учествувале и претседателот на месната заедница, Хазрет Шубашиќ и локалниот имам Муамер еф. Мркоња.

Ефенди Муамер по погребот ги угостил православните свештеници што одржале опело на погребот.