Делегација на војската на Република Србија предводена од началникот на Генералштабот, генерал Милан Мојсиловиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.
Генерал Мојсиловиќ за време на престојот во Генералштабот и Министерството за одбрана ќе има средби со својот домаќин Васко Ѓурчиновски, соопшти Министерството за одбрана.
За време на посетата, за утре е предвидена средба на генералот Мојсиловиќ со претседателот и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски.
MIA