Демократскиот кандидат за претседател, Џо Бајден, ја бакна во уста својата 19 годишна внука за време на предизборниот митинг во Ајова, со што предизвика лавина негативни коментари на социјалните мрежи.
Бившиот потпретседател на САД, влезе во дворот на универзитетот Кларк, во градот Дјубук, држејќи ја за рака својата внука Финеган Бајден, ќерката на неговиот син Хантер.
„Би сакал да ви ја претставам својата внука Финеган Бајден. На дедовците секогаш им е дозволено да ги бламираат своите внуки. Нејзината баба дипломираше на овој универзитет на средината на шеесетите години и цело време зборуваше за тоа“, изјави Бајден, држејќи ја својата внука.
Потоа шетајќи по сцената, им ја опиша на публиката разликата меѓу ќерка и внука.
„Внуките не само што ги сакаат своите дедовци, туку и им се допаѓаат. Тоа е многу убава работа. Ти благодарам душичке“, рече Бајден пред да ја бакне својата внука.
Финеган потоа му се придружи на дедо и додека тој ја поздравуваше публиката.
This is Biden with his granddaughter. I can't unsee it so now you have to pic.twitter.com/auF6SPjeAO
— Nobody (@mcyost) February 3, 2020
Бајден предходно беше критикуван за својот однос кон помладите жени.
Пред почетокот на својата кампања минатата година, седум жени рекоа дека заради неговото однесување им било непријатно во негово друштво.
Некои од нив кажале дека не им било пријатно додека тој ги држел околу половината, рамената или им ја мирисал косата.
По обвинувањата, Бајден вети дека ќе биде внимателен и ќе го почитува личниот простор на жените.