Мендух Тачи најави можна соработка со помалите политички партии на Албанците – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/20 5:34 PM

Мендух Тачи најави можна соработка со помалите политички партии на Албанците

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, најави можна соработка со помалите политички партии на Албанците. Тој рече дека на престојните предвремени избори ќе се води политичка битка меѓу неговата и партијата на Ахмети.

Тачи рече дека нема да дозволи за време на предизборната кампања ДУИ да купува гласови. Како што рече ќе се води рамномерна политичка битка меѓу него и Ахмети.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села пак, по завршувањето на синоќешното централно претседателство, изјави дека писмено ќе се обратат до Алтернатива и БЕСА за идна заедничка колација.

Тачи ја прокоментира најавената колација, Алијанса Беса и Алтернатива, која според е само начин да се дојде до освојување на пратеничко место од страна на политичките лидери.

Засега од политичките партии на Албанците само од ДУИ со став дека ќе настапуваат сами на престојните предвремени избори.