Време: Денес сончево, до 20 степени, од вечер дожд, па снег и постудено – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/20 7:02 AM

Време: Денес сончево, до 20 степени, од вечер дожд, па снег и постудено

Денеска сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени. Во вечерните часови, почнувајќи од север, облачноста ќе се зголеми, ќе почне да дува засилен северен ветер и ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе преминуваат во снег.

Утре, според УХМР, времето ќе биде облачно и студено, со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд. Од четврток ќе преовладува претежно обланчо и стабилно време, ветровито и постудено, особено во утринските часови. Но, во седните денови температурите че бидат во пораст.