(видео) Хит на седницата на СЗО – директорот се закашла и сите ги исплаши – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/20 9:37 PM

(видео) Хит на седницата на СЗО – директорот се закашла и сите ги исплаши

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денеска со кашлање го прекина својот говор. Во салата настапи молк. Тој мирно се напи вода и рече: „Не грижете се, не е корона“.

Досега од смртоносниот коронавирус во Кина умреа 361 луѓе, а повеќе од 17 000 се заразени од вирусот што избувна во Вухан. Гебрејсус рече дека други 151 случаи се пријавени во 23 други земји, од САД во Јапонија.