Германските банки во проблеми: Во трезорите нема веќе место за кеш – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/20 3:54 PM

Германските банки во проблеми: Во трезорите нема веќе место за кеш

Германските банки чуваат толку многу пари што во трезорите снемува слободно место, пренесува Bloomberg.

Во декември, минатата година, германските банки имале во готовина рекордни 43,4 милијарди евра, покажуваат податоците на Bundesbank.

Негативните каматни стапки ги принудуваат позајмувачите да чуваат пари во готовина.

„Овие денови, подобро е да ги чувате средствата во готовина отколку да ги паркирате во Европската централна банка (ECB)“, изјавил Андреас Шулц, кој раководи со штедилница во близина на Берлин.

До 2017 година, готовината претставувала повеќе од половина од сите трансакции во Германија, покажуваат податоците на Bundesbank.

Извор: denar.mk