Вистина или заблуда?! Со кечап против холестерол – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/20 3:13 PM

Вистина или заблуда?! Со кечап против холестерол

Кечапот не е само вкусен додаток во пици и други теста, туку и состојка која прилично делува на зголеменото присуство на холестерол.

Само неколку капки кечап со доручекот и ручекот или две чаши сок од домати испиени во текот на денот, значително ќе го намали нивото на лошиот холестерол, тврдат научниците од Универзитетот Оулу.

До овој заклучок дошле врз основа на тринеделно истражување на волонтери со висок холестерол. Кечап или сок од домати даван им е за да се намали ризикот од срцев и мозочен удар.

После три недели, се утврдило дека вкупното ниво на холестерол се намалило за шест проценти, а лошиот, кој е посебно анализиран, за дури 13 проценти.

Извор: denar.mk