Значителна промена на времето со врнежи од дожд, кои утревечер во северните делови на повеќе места ќе преминуваат во снег, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе почне да дува засилен северен ветер кој ќе услови значително опаѓање на температурата, па во среда врнежи од снег ќе има во поголем дел од земјава.
На планините, особено на запад снежната покривка ќе се зголеми за околу 20 см, а помала снежна покривка се очекува да се формира и во поголемиот дел од земјава.
Од четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време.