Време: Денеска сончево и до 17 степени, слично до вторник, потоа промена… – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/20 6:51 AM

Време: Денеска сончево и до 17 степени, слично до вторник, потоа промена…

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура треба да достигне до 17 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со релативно високи температури за овој дел од годината и во следните неколку денови. Промена се очекува од среда.