Алкохолни пијалаци во вредност од 300 000 куни (40.000 евра) биле украдени од магацинот на познатиот ресторан „Кадена“ во Сплит. Грабежот се случил ноќе, а на видео-снимките се гледа дека во него учествувале две лица, пишува порталот „Далмација данас“.
На видеото се прикажани двајцата мажи кои прво доаѓаат да ја „испитаат ситуацијата“, за потоа да се вратат со погоден алат и да ја земат стоката со комби.
За време на грабежот биле маскирани, но се снимени од камерата за време на „извидничката мисија“ неколку часа порано, па сплитската полиција се обидува да ги идентификува со помош на снимките.
Украле висококвалитетни вина и алкохолни пијалаци, кои вообичаено ги има само во луксузните ресторани.


