Знамето на ЕУ и по Брегзит ќе се вее пред шкотскиот парламент – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/20 10:43 AM

Знамето на ЕУ и по Брегзит ќе се вее пред шкотскиот парламент

Знамето на Европската унија ќе се вее од зградата на шкотскиот Парламент и по Брегзит. По жестоката расправа, членовите на Регионалното собрание на Единбург одлучија со 63 спрема 54 гласови да не се отстрани знамето.

Во текстот на документот се наведува дека мерката се спроведува за „поддршка и солидарност со граѓаните на ЕУ кои ја избрале Шкотска за свој дом”.

Шеесет и два отсто од Шкотите гласаа да останат во ЕУ на референдум во 2016 година. Сепак, тие ќе го напуштат блокот утревечер, како и остатокот од Обединетото кралство.