Сите вработени и посетители во трговскиот центар „Сити Мол“ во моментов се евакуирани. Вработените раскажуваат дека одеднаш на разглас се слушнало „внимание, веднаш напуштете го трговскиот ценатар“ и на англиски и на македонски јазик. Брзо се случила река од луѓе која нагло и во паника почнале да трчаат кон излезите на центарот. Во околината на Сити мол има метеж, полициски автомобили има околу објкектот, а автобусите и целиот сообраќај се пренасочува. На лице место има Брза Помош и Против -пожарни екипи.
Според полициси извори на Телма, пратена е СМС порака до обезбедувањето со лажна дојава за поставена бомба во шопинг центарот. Се уште се испитува од кој провајдер е пратена пораката. Спред истите извори, вакви пораки со вознемирувачка и лажна содржина испратени се и на други лица. Истрагата е во тек.
brif.mk