Мерката за бесплатен градски превоз не ги предомисли скопјани за ги остават автомобилите дома и на работа да заминат со градски автобус. Сепак, Градот Скопје, во изминатите два дена како дел од мерките против загадувањето предвиде бесплатен градски превод. Попладне овие мерки престануваат. Како што објасни градоначалникот Петре Шилегов, ден на бесплатен градски превоз, ЈСП и Градот Скопје го чини над 118.00 евра.
– По основ на известувањето што утрово го добивме од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Владата престанаа да постојат условите за воведување на тие интервентни мерки, а имаме во предвид дека еден ден на бесплатен превоз Градот го чини некаде околу 7,3 милиони денари. И кога ќе престанат условите, тоа се наши буџетски пари, кога не се исполнети условите едноставно немаме потреба од такви интервентни мерки, рече Шилегов.
Објавено на: 01/29/20 12:44 PM