Поради „Јавна соба“, Фејсбук ѝ го избриша профилот на Мери Јордановска – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/20 6:51 PM

Поради „Јавна соба“, Фејсбук ѝ го избриша профилот на Мери Јордановска

Новинарката Мери Јордановска која деновиве пишуваше за порнографската група „Јавна соба“ на Телеграм, денеска се пожали дека останала без својот профил на Фејсбук.

Како што истакна новинарката, најпопуларната социјална мрежа на светот ѝ го деактивирала профилот поради тоа што таа како корисник споделувала принт-скринови со еротска содржина, а кои ѝ служеле за новинарско истражување.

„Драги пријатели, поради последните објавени стории за Телеграм и т.н. Јавна соба, Фејсбук го деактивираше мојот профил, бидејќи во пораките биле споделувани еротски содржини, односно принт-скринови од групата кои ни служеа за истражување. За жал, додека во ‘јавната соба’ сè уште се споделуваат порнографски фотографии од девојки, Фејсбук ги деактивира оние кои пишуваат за тоа. Тоа е интернет просторот, без децидни правила за игра.Се надевам дека моите стари пријатели повторно ќе ме најдат тука, па одиме понатаму, објави новинарката Мери Јордановска на својот нов Фејсбук профил.

плусинфо.мк