Њујорк забранува продавници и ресторани кои не примаат кеш – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/20 3:54 PM

Њујорк забранува продавници и ресторани кои не примаат кеш

Градскиот совет на Њујорк изгласа забрана за продавници и ресторани без готовина, тврдејќи дека ги дискриминираат небанкарските потрошувачи.

Советот изгласа предлог закон со кој се бара продавниците во градот да прифатат американски банкноти и монети или ќе се соочат со казни до 1.000 долари за прв прекршок и 1.500 долари за понатамошни престапи.

Се очекува градоначалникот Бил де Блазио да ја потпише одлуката.

Употребата на готовина се намалува во многу области, бидејќи Американците сè повеќе користат картички и можности за плаќање преку мобилен уред, како што е Apple Pay. Тоа ги принуди некои фирми да забранат готовина, бидејќи е скапо да се процесираат.

Меѓутоа, има промена во однос на трендот, а противниците тврдат дека на овој начин се прави дискриминација на небанкарските, посиромашните членови на општеството кои немаат пристап до кредитни картички или банкарски сметки.

Њујорк ги следи стапките на Филаделфија и Сан Франциско, а исто така во тек се и чекори за забрана на продавници кои не примаат готовина во Вашингтон и Чикаго.

Извор: denar.mk