Мекензи Безос го намали својот удел во Amazon за околу 400 милиони долари, објавено е на Њујоршката берза.
Информациите за намалување на нејзиниот удел се објавени во петокот во поднесувањето на Wall Street под името на нејзиниот поранешен сопруг и извршен директор на Amazon, Џеф Безос.
Според најавата, Џеф Безос ја задржува единствената контрола врз гласачкото право над акционерскиот удел на Мекензи Безос, кој сега изнесува 19,5 милиони акции, што е околу 200.000 акции помалку од 19,7 милиони колку што доби по разводот.
Мекензи Безос стана една од најбогатите жени во светот по разводот од Џеф Безос, најбогатиот човек на планетата. Тогаш доби четири проценти од уделот во Amazon, што и донесе богатство во износ од 37 милијарди долари.
Минатиот мај, таа се регистрираше на списокот донатори во кампањата за донации The Giving Pledge, кои го започна Ворен Бафет и Бил и Мелинда Гејтс. На тој начин се обврза дека ќе донира половина од своето богатство во добротворни цели.
Џеф Безос сè уште не се приклучи на таа кампања, но ја поздрави одлуката на својата поранешна сопруга.
Извор: denar.mk