Време: Денес сончево, вечер и утре врнежи, па стабилизација и до 15 степени за викендот – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/20 7:00 AM

Време: Денес сончево, вечер и утре врнежи, па стабилизација и до 15 степени за викендот

Денеска сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Утре се очекуваат врнежи од дожд, на планините снег, а во попладневните и во ноќните часови дождот ќе премине во снег и во некои пониски места. Потоа следува период на стабилно време, а за викендот се очекуваат максимални температури од 15 степени.