Припадниците на МВР на Кантонот Сараево идендификувале момчиња кои деновиве учествувале во опасна авантура на автопатот А1 кај Сараево. Д.Ж. 923), С.Б.(31), Е. Ѓ. (25) и М.А.(21) на автомобил заврзале јаже со кое влечеле санка на која седело друго момче. Целото лудо возење го регистрирале на камера и го ставиле на социјалните мрежи, па така полицијата ги открила неодговорните млади луѓе, кои ги загрозиле своите, но и туѓите животи.
Така, актерите на „санкањето“ на автопат ќе бидат прекршочно санкционирани.