Македонците ја добија првата подршка од албанска партија за загарантирани места во албанскиот парламент за малцинствата – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/20 8:02 AM

Македонците ја добија првата подршка од албанска партија за загарантирани места во албанскиот парламент за малцинствата

Македонската партија за европска интеграција МАЕИ, ја доби првата подршка од албанска партија за загарантирани пратенички места за малцинствата во албанскиот парламент.

Барањето на Македонците и другите малцинства е со новиот изборен законик да има загарантрани пратенички места за малцинствата, како што тоа е пример со повеќе европски земји.

Првата подршка доаѓа од партијата „Ново движење” чиј лидер е Ариан Галдини, во чија организација вечерва се одржа трибина на тема „Изборната реформа и нашите ставови и предлози” на која учествуваше и пратеникот од редовите на МАЕИ Васил Стерјовски. На трибината учествуваа професори, пратеници, претседатели на партии, кои разменија мислења за Изборниот законик, а дадоа и конкретни предлози.

Меѓу другото учесниците побараа промена на изборниот модел, како и електронско гласање и броење со цел да се гаранира секој глас.

– Како претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интегација и пратеник во албанското Собрание, го поддржувам барањето за промена на изборниот
модел и електронското гласање и броење. Во име на сите малцинства ќе поднесам Предлог – закон во албанското Собрание со кој ќе се бара загарантирани пратенички места за малцинствата во албанското Собрание, рече меѓу другото пратеникот Стерјовски на средбата.

Лидерот на партијата „Ново движење”, Галдини истакна дека како партија го подржуваат предлогот на Стерјовски за загарантирани пратенички места за малцинствата во албанско Собрание