Време: Претпладне дождливо и максимална дневна од 11 степени, слично време и во следните денови – ММС
ММС

Објавено на: 01/27/20 7:05 AM

Време: Претпладне дождливо и максимална дневна од 11 степени, слично време и во следните денови

Денеска во претладневните часови ќ биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, кои потоа ќе престанат. Утринските температури ќе бидат над нулата, а максималната дневна до 11 степени.

Во следните денови, според прогнозата на УХМР, ќе има услови за повремени врнежи, претежно во западните делови, а ќе дува и умерен ветер од западен и северозападен правец кој во западните делови повремено ќе засилува.