„Медена земја“ со уште една награда на АСЦ доделувањето – ММС
ММС

Објавено на: 01/26/20 8:53 AM

„Медена земја“ со уште една награда на АСЦ доделувањето

Ноќеска на доделувањето на наградите Американското друштво на киноматограферите, Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“, излегоа на сцената за да ја примат наградата за најдобар документарец. ASC наградите се вовед во Оскарите и како што велат познавачите, не нужно укажуваат на тоа во чии раце ќе заминат Оскарите.

Меѓутоа, 14 од претходните 33 добитници стигнаа до славниот Оскар. Четири од изминатите шест години, се речиси идентични со ASC наградите.

Нарекувајќи го ова време “златното доба за документарни филмови” режисерот и продуцент на „Џокер“, Тод Филипс им ја предеде наградата на Љума и Даути.

За најдобар филм беше прогласен „1917“.