Време: Денеска сончево, со студено утро, од недела повисоки утрински температури – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/20 7:04 AM

Време: Денеска сончево, со студено утро, од недела повисоки утрински температури

Времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде претежно сончево, наутро студено, а преку денот со слаб јужен ветер.

За време на викендот ќе биде променливо облачно. В недела од средината на денот, преку ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Од недела утринските температури ќе се покачат.