Град лежи на 72 тони дијаманти, но не може да се збогати – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/20 3:11 PM

Град лежи на 72 тони дијаманти, но не може да се збогати

Жителите на градот Нердлинген во Германија знаат дека живеат на тони дијаманти, но немаат намера да го срушат за да се збогатат.

Нердлинген во германската сојузна држава Баварија настанал на дијаманти кои датираат од пред 15 милиони години, кога астероид ја погодил Земјата.

Геолозите проценуваат дека ширината на астероидот била еден километар, исто како и денешниот Нердлинген, а бил тежок околу три милијарди тони. Ударот ја зголемил температурата и притисокот доволен да се создаде мешавина од стакло, кристали и дијаманти., односно суевит.

Се проценува дека околу 72.000 тони дијаманти се наоѓаат во областа Нердлинген. Кога милиони години подоцна пристигнале првите жители, не ни знаеле дека ги градат куќите на драгоцено тло.

Со години се верувало дека потеклото на кратерот е вулканско, сè додека во шеесетите години од минатиот век не е потврдено дека станува збор за астероид. Суевитот го користеле како градежен материјал, без да се сомневаат дека е составен од ситни дијаманти.

Така, црквата Свети Ѓорѓи и средновековните sидови во Нердлинген се многу повредни отколку што би се кажало на прв поглед. Иако количината на дијаманти е огромна, жителите за нив не би можеле да добијат добра цена затоа што се помалку од 0,2 милиметри, па немаат намера да го срушат градот за да дојдат до богатство.

Меѓутоа, германскиот град профитира поинаку, туристите доаѓаат од целиот свет за да ја видат блескавата архитектура и да го посетат музејот Ries Crater, во кој се наоѓаат примероци од кратер кој ги направил астероид.

Извор: denar.mk