(ВИДЕО) Однеле жив волк на турнир во мал фудбал – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/20 10:08 AM

(ВИДЕО) Однеле жив волк на турнир во мал фудбал

Снимка која се прошири на социјалните мрежи ја шокира црногорската јавност и активистите за правата на животните. На неодамна одржан турнир во мал фудбал во Улцињ, организаторите донеле волк во минијатурен кафез.

На снимката се гледа преполна сала, како неколку мажи носат волк, а еден од нив дури и пробува да седне на кафезот. Насобраната толпа вика и навива, а преплашеното животно се грчи и се врти во круг.

Неколкумина од нив дури и го креваат кафезот и ја фотографираат таа мачна сцена за животното. Тие се пофалиле на социјалните мрежи со „забавната ситуација“, како волкот да е играчка а не животно на кое местот му е во природа.

Потполно нејасно е која била причината за овој чин и што сакале организаторите да постигнат. Целата сцена изгледала како средновековна забава сместена во модерно време.
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=rXOwMJjYy3U&w=560&h=315]

Невладината „Галоп“, подготвува пријави до надлежните институции и го нарекува ова класичен пример за мачење на животните.

„Оние кои ни се јавија се згрозени од снимките. Неофицијално ни кажаа дека се работи за некаква традиција и дека минатите години се носел и мртов волк. Ние моментално собираме информации и ќе поднесеме кривични пријави. Ова е тешко да се гледа и се надевам дека конечно ќе завршат овие работи“, велат од „Галоп“.

Во Црна Гора постои Закон за заштита на животните. Со членовите шест и седум од законот, забрането е мачење и убивање на животните, а членот 8 се однесува на забранетите постапки заради заштита на животните.