Уште една сообраќајка утрово во Скопје. На влезот во градот кај населбата Ченто превртен автомобил го забави сообраќајот.

На булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром утринава патничко возило марка „рено“ удри во столб.
Според првичните информации од МВР нема повредени лица. Причинета е само материјална штета.
Сообраќајот во овој дел од градот утринава се одвиваше отежнато.
Незгодата во СВР Скопје е пријавена во 08:40 часот. Извршен е увид од страна на екипа од СВР Скопје


