Новиот вирус во Кина ја зеде четвртата жртва, потврдено е дека се шири со контакт – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/20 10:00 AM

Новиот вирус во Кина ја зеде четвртата жртва, потврдено е дека се шири со контакт

Новиот вирус во Кина ја зема четвртата жртва и рапидно се шири низ земјата, а официјални лица потврдија дека се пренесува со контакт меѓу луѓето.

Последна жртва на вирусот е 89 годишен човек кој предизвикува пневмонија. Тој живеел во Вухан, каде што и иницијално почна да се шири вирусот.

Повеќе од 200 случаи се пријавени насекаде низ Кина, вклучувајќи ги и Пекинг и Шангај.

Светката здравствена организација (СЗО) размислува да прогласи интернационална вонредна состојба, како што направи за време на свинскиот грип и еболата.
Одлуката ќе се донесе на средба во среда.

Кинеската национална здравствена комисија, во понеделникот за прв пат потврди дека инфекцијата може да се пренесе од човек на човек.
Кажаа дека двајца од провинцијата Гуангдонг биле заразни на овој начин.

Вирусот најпрво почна да се шири во Вухан, град во централна Кина кој има 11 милиони луѓе. Според СЗО ,моментално има потврдени 218 случаи на вирусот.
Неколку случаи беа потврдени и во Тајланд, Јапонија и во Јужна Кореа.

Земјите како Австралија, Сингапур, Тајван и Јаонија почнаа да ги скенираат патниците на аеродромите кои доаѓаат од Кина. САД најави ваква мерка на аеродромите во Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк.

Вирусот се верува дека потекнува од заразени животни на пазарот на морска храна во Вухан.
СЗО ги предуреди луѓето да избегнуваат контакти со живи животни, добро да го варат месото и јајцата и да избегнуваат контакти со луѓе кои имаат симптоми на настинка.

Симптомите на вирусот вклучуваат респираторни проблеми, треска, кашлање, снемување воздух и проблеми со дишењето.