Време: Денеска сончево – до 10 степени, за викендот се очекуваат повремени врнежи – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/20 7:05 AM

Време: Денеска сончево – до 10 степени, за викендот се очекуваат повремени врнежи

Времето денеска, според УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со максимална дневна температура од 10 степени.

Во следните денови не’ очекува сончево време со мала до умерена облачност, а ќе продолжи да дува слаб до умерен северен ветер, кој во четврток ќе се засилува. Од петок ќе започне да дува јужен ветер, облачноста ќе се зголемува и за време на викендот се очекуваат повремени врнежи претежно од дожд.