Учениците утре се враќаат на настава – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/20 2:23 PM

Учениците утре се враќаат на настава

По тринеделен зимски распуст, учениците утре ќе се вратат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2019/2020 година.

Наставата ќе продолжат да ја следат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои околу 20 000 првачиња.

Наставниците продолжуваат да работат со повисоки плати од јануари за 10 отсто, согласно со постигнатиот договор помеѓу синдикатот (СОНК) и Министерството за образование и наука.