Известување за грабеж во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/20 1:54 PM

Известување за грабеж во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Сите клиенти кои се затекнаа во експозитурата, како и вработените на Банката се безбедни и се во добра состојба.

Во овој момент, претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Паралелно, Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително.