Кина ги наградува рибарите што уловиле странски шпионски уреди. Делува како чудна приказна, но не и невозможна. Кинеските државни медиуми известија дека 11 рибари од провинцијата Џангсу пронашле седум шпионски уреди, пишува „ББС“.
Ова не е првпат да се случува такво нешто. Во 2018 година 18 рибари беа наградени за пронаоѓање на девет уреди, а слично беше и во 2017 година. Наградите се ислучително високи – и до 500.000 јуани (72.000 долари).
Источнокинеската провинција Џангсу има брег подолг од 1.000 километри со поглед кон Јапонија и Јужна Кореја, а ни Тајван не е далеку (500 километри јужно). Географсата положба и големото американско присуство во регионот веројатно е причината што рибарите често наоѓаат „чудни уреди“, пишува „ББС“.
Кина не го открива потеклото на уредите, туку само соопштува дека се „направени во други земји“. Експертите сметаат дека најверојатно овде се нашле од морнарицата на САД, од јапонските одбранбени сили или од Тајван.