Една жена е потешко повредена, мажот и десетгодишното девојче се надвор од животна опасност – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/20 4:28 PM

Една жена е потешко повредена, мажот и десетгодишното девојче се надвор од животна опасност

Една жена е потешко повредена додека маж на триесет и седум години и девојче на десетгодишна возраст се полесно повредени во верижниот судар што утрово, околу 8 часот се случи на угорницата пред место викано Пуста Кула на автопатот Велес- Скопје. Сте се од Кавадарци. Тринаесет минути по пријавата од полицијата таму на лице место интервенирале две екипи на Итна медицинска помош при Здравствен дом Велес. Др Страхил Тодоровски вели дека интервенирале на тројца пациенти во првото патничко возило кое удрило во товарен камион .

Жената седела на совозачкото место во возилото со кавадаречки регистерски ознаки кое го управувал нејзиниот сопруг додека десетгодишното девојче на задното седиште во автомобилот. Мажот и детето, кое му било внука, се здобиле со полесни телесни повреди и биле пренесени во велешката болница. Според портпаролот на болницата др Тодор Јаковлевски тие се надвор од животна опасност но се задржани на болничко лекување.

Од Секторот за внатрешни работи Велес информираа дека само што завршил увидот на екипата и најавија соопштение за јавност.