Откако му ја искршиле колата, штипјанец добил и ќотек – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/20 3:03 PM

Откако му ја искршиле колата, штипјанец добил и ќотек

Четири лица физички нападнале Штипјанец, претходно со стапови го нападнале и неговото возило.

Според информациите во Полицискиот билтен, вчера во 13.02  часот во Полициската станица Штип, дваесети едно годишниот  С.Д. од Штип пријавил дека околу 13.00 часот, управувајќи го своето возило марка „лада“,  кај Мирјанина Црква во Штип бил пресретнат од  четири лица кои најпрвин со дрвен предмет почнале да удираат по возилото, а потоа и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.