На 86 години ограбил банка во САД – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/20 11:14 AM

На 86 години ограбил банка во САД

Осумдесет и шест годишен човек од Јужна Каролина во САД, ограбил банка пукајќи од пиштол внатре во банката и кон автомобилите додека бегал, соопшти полицијата која набрзо потоа го уапси.

Џилберт Вер, со маска на лицето влегол во подружницата на „Банк оф Америка“ во понеделникот предпладне во градот Гринвил каде што живее. На службеникот во банката му наредил да ги стави парите во кеса и со пиштолот пукал во воздух.

По грабежот, бегајќи со својот камионет, пукал во автомобилите кои поминувале.

Во пукотницата нема повредени лица.
Вер бил запрен на околу километар од банката и веднаш бил уапсен.

Полицијата се’ уште нема кажано колку пари биле украдени.