Измамник измамил такси компанија од Кавадарци и ја оштетил за 18 илјади денари, оваа информација за МИА ја потврдија од МВР.
На 13 овој месец во 13.50 часот во полициската станица – Кавадарци, кавадарчанец, управител во такси компанија од Кавадарци, пријавил дека бил измамен.
– На 06.01.2020, околу 09.50 часот, по телефон му се јавило лице Г.К., менаџер на деловен субјект од југот на државата и му побарало превоз со минибус на неколку лица од аеродромот Скопје до Гевгелија. Крајната дестинација да биде Охрид, превозот би чинел 18.000 денари. Според пријавеното, по кратко време Г.К. повторно му се јавил и го замолил да испрати 15.600 денари во Куманово, преку конкретен такси возач од Велес, за да бидат купени подароци за гостите. Тој го контактирал таксистот кој го известил дека парите ги дал на лице во Куманово, но подароци сѐ уште нема донесено, со што пријавувачот сфатил дека е измамен, појаснуваат од МВР.
Се работи на расчистување на случајот
МИА