Време: Денеска сончево, а по котлините магливо, благата зима продолжува и во следните денови – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/20 6:56 AM

Време: Денеска сончево, а по котлините магливо, благата зима продолжува и во следните денови

Денеска ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. Максималната температура ќе достигне до 13 степени. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.

И во следите денови ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и во вечерните часови.