Иранската револуционерна гарда го уапсила лице кое минатата недела на интернет ја објави видео снимката од ракета што го погоди украинскиот патнички авион во Иран, објавила новинската агенција Фарс, а пренесува „Ројтерс“.
Револуционерната гарда ја презеде одговорноста за ракетниот напад што доведе до соборување на авионот и убиство на сите 176 патници и членови на екипажот. Украинскиот патнички авион бил погоден со две ракети.