Работниците во Boeing: “Моделот 737 Max е дизајниран од кловнови, набљудувани од мајмуни” – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/20 4:20 PM

Работниците во Boeing: “Моделот 737 Max е дизајниран од кловнови, набљудувани од мајмуни”

Компанијата Boeing објави стотици внатрешни пораки кои го доведоа во прашање развојот на симулаторот на моделот на авиони 737 Max.

Овој модел на авион е призејмен по две фатални несреќи.

Според Reuters, Boeing ја проверил работата на симулаторот, откако биле испратени пораките. Како што е наведено, тие добро функционираат.

Во внатрешната комуникација, во април 2017 година, двајца вработени во пораките се пожалиле на моделот 737 Max.

„Овој авион е дизајниран од кловнови набљудувани од мајмуни“, напишал во пораката еден од вработените во компанијата.

„Објавената комуникација не е огледало за тоа каква е компанијата Boeing и каква треба да биде и е целосно неприфатлива“, соопштија од Boeing.

Претседателот на Комитетот за транспорт во Конгресот, Питер де Фазио, кој е вклучен во истрагата за овој модел, наведува дека пораките покажуваат колку далеку е подготвен да оди Boeing, дури и во моментите кога работниците укажуваат на проблеми.

Посочува дека компанијата од почетокот на воведувањето на овој модел вложи напори да ги скрие критиките од јавноста.

Извор: denar.mk