Пијан мелничанец се обидел да силува жена во Негорци – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/20 1:56 PM

Пијан мелничанец се обидел да силува жена во Негорци

Жител на селото Мелница е осомничен дека на 12 јануари се обидел да силува жена во селото Негорци.
Тој во пијана состојба отишол во домот на жената и започнал разговор со неа за нејзината ќерка, која тој наводно сакал да ја земе за жена. Откако оштетената го одбила, тој ја нападнал, обидувајќи се да ја соблече.
Жената се бранела и викала за помош, но тој ја совладал удирајќи ја и нанесувајќи и’ повреди на главата и телото. Повиците за помош ги слушнале нејзните соседи кои дотрчале на помош, му се заканиле на осомничениот дека ќе викнат полиција, по што тој избегал.

Ова не бил прв напад на осомничениот. Тој предходно е осудуван за повеќе кривични дела меѓу кои и за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Имајќи го предвид фактот дека претходно бил осудуван за слично дело и сите околности кои упатуваат на  можност тој да го повтори делото, надлежен обвинител од Основниот кривичен суд Гевгелија побара мерка притвор.