Македонскиот филм „Медена земја“ во трката за најпрестижната филмска награда на светот, ќе се натпреварува во две категории.
Ова е прв пат во историјата на Оскари, документарен филм да е номиниран во две категории, во случајов за Најдобар документарец и Најдобар странски филм.
„Медена земја“ ја воодушеви домашната и странска публика. Изминатиов период доби многу признанија, освои награди на филмски фестивали и се надеваме дека ќе се радуваме и на Оскар(и).
Екипата на „Медена земја“ славеше за номинациите:
„Медена земја“ ја раскажува приказната на Атиџе, последната жена одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка. Филмот ја прикажува припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на различни начини на искористување на земјините ресурси.
По „Пред дождот“, ова е втор македонски филм со номинација за Оскар.