Комисиската расправа за законот за поништување на лустрацијата повторно одложена – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/20 1:11 PM

Комисиската расправа за законот за поништување на лустрацијата повторно одложена

Почетокот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која пратениците треба да расправаат за потребата за носење на законот за поништување на лустрацијата, денеска е одложен по втор пат. Овој пат за еден час и тоа поради немање кворум, бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа во салата каде требаше да се одржи седницата, туку во собранискиот хол.

 

Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски го одложи почетокот на Комисијата и ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дојдат на следното продолжение. Тој најави и изјава за медиумите.

 

Иако седницата на Комисијата на чиј дневен ред е за Предлог-законот за поништување на лустрацијата не започна, пратеници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ веќе одржаа прес-конференции на кои ги соопштија партиските ставови.

 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да го поддржи Предлог-законот, додека СДСМ го критикуваше ваквиот став потенцирајќи дека опозициската партија „ја злоупотреби лустрацијата за политички, партиски, па дури и лични цели”.

MИА