Три бели кучиња (аргетинска дога) заклале крава тешка половина тон, во петокот попладнето близу Сплит, Хрватска.
Немилиот настан се случил кога десетина крави се враќале од пасење, а една, кравата Тајчи, која неодамна се отелила, од нив малку заостанала. Одеднаш се појавиле некои момчиња кои ги шетале трите кучиња. Се работи за непознати личности за властите и локалното население. Наеднаш кучињата почнале да трчаат накај кравата, по што ја собориле на земја. Кучињата немале заштитни маски.
Момчињата по нападот, ќе се обидат да се договорат со сопственикот на кравата околу отштетата.
Сопственикот не сакаше да го коментира случајот.
„Немојте ништо да ме прашувате, ова е само по себе трагедија“, изјавил сопствениот за „слободна Далмација“.
Аргентинските доги, како што им е името, доаѓаат од Аргентина некаде од почетокот на 20. век.
Ги „создал“ докторот Анотнио Норез Матинез, кој мешал повеќе видови различни кучиња, па тие се мешавина на боксер, бордог, бултеријер, мастиф и други.
Кучето кое го добил со мешањето го вкрстил со сега изумрениот кордонски борец и така настанало аргентинската дога.
Во почетокот се користеле за борби на кучиња, поради својата издржливост. Сега се’ повеќе се користат за лов или како водачи за слепи лица.
На сопствениците на кучињата кои ја нападнаа кравата полицијата ќе им поднесе соодветна пријава.