Медиа Плус на Јавен настан ја презентираше анализата од спроведената анкета и фокус групите – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/19 4:00 PM

Медиа Плус на Јавен настан ја презентираше анализата од спроведената анкета и фокус групите

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ ,,МЕДИА ПЛУС“ ОД ШТИП ГО СПРОВЕДУВА ПРОЕКТОТ ,,РЕАГИРАЈ НА ВИСТИНСКОТО МЕСТО“.

  • ГЛАВНАТА ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ Е ЗГОЛЕМЕН АНГАЖМАН НА ГРАЃАНИТЕ ВО АДРЕСИРАЊЕТО НА НИВНИТЕ ПОТРЕБИ И ПОТРЕБАТА НА ЗАЕДНИЦАТА ДО ЛОКАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ СО ЦЕЛ НИВНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РЕШАВАЊЕТО, ШТО ПОТОА СО МОНИТОРИНГ ЌЕ СЕ СЛЕДИ РЕАЛИЗАЦИЈАТА .
  • ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ВО РАМКИТЕ НА ОВОЈ ПРОЕКТ СЕ СПРОВЕДЕ ОНЛАЈН АНКЕТА ПРЕКУ КОЈА ШТО БЕА АНКЕТИРАНИ ВКУПНО 111 ГРАЃАНИ А БЕА ОРГАНИЗИРАНИ И ТРИ ФОКУС ГРУПИ СО УЧЕСТВО НА 21 ГРАЃАНИН. ВРЗ ОСНОВА НА НИВНИТЕ ОДГОВОРИ НАПРАВЕНА Е АНАЛИЗА ЗА ЧИЕ ШТО ПРЕЗЕНТИРАЊЕ ОРГАНИЗИРАМЕ ЈАВЕН НАСТАН.
  • АНАЛИЗАТА СОДРЖИ ДВА ДЕЛА . ВО ЕДНИОТ ДЕЛ ГРАЃАНИТЕ ДАВАА ОДГОВОРИ ПО ПРАШАЊАТА ОД ОБЛАСТИТЕ –УРБАНИЗАМ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА , КОЛКУ СЕ ЗАПОЗНАТИ СО НАЧИНИТЕ КАКО ОПШТИНАТА СЕ СПРАВУВА СО ПРОБЛЕМИТЕ ОД ОВИЕ ОБЛАСТИ И КОЛКУ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ПРОЦЕСИТЕ НА ЛОКАЛНАТА ПОЛИТИКА.
  • ВО АНКЕТАТА И ФОКУС ГРУПИТЕ ГРАЃАНИТЕ ПОСОЧУВАА И КОНКРЕТНИ ПРОБЛЕМИ СО КОИ ШТО ТИЕ СЕКОЈДНЕВНО СЕ СООЧУВААТ И ОЧЕКУВААТ ДА БИДАТ РЕШЕНИ ОД ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ.,,МЕДИА ПЛУС“ ПРОЕКТОТ ГО СПРОВЕДУВА СО РАДИО КАНАЛ 77 А ФИНАНСИСКИ Е ПОДДРЖАН ОД ФОНДАЦИЈАТА ОТВОРЕНО ОПШЕСТВО МАКЕДОНИЈА (ФООМ)

На следниот линк можете да ја превземете целата анализа.