„ТНТ“: Наместо Страшевски, утре Трајковски ќе го застапува адвокат по службена должност – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/20 2:34 PM

„ТНТ“: Наместо Страшевски, утре Трајковски ќе го застапува адвокат по службена должност

Додека Јовица Страшевски, адвокат на обвинетиот Тони Трајковски, е на одмор, претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, побарал на рочиштето екс-градоначланикот да го застапува бранител по службена должност.

На ова жестоко реагираше Страшевски оценувајќи дека станува збор за преседан.

– Вие може да назначите бранител по службена должност само ако ме имате уредно покането и јас не сум се јавил на судење, или мојот клиент ми го откаже полномошното. Ниту едното ниту другото е направено, а вие предвреме незаконски избрзавте и назначивте бранител по службена должност, пишува Страшевски.

Препукувањата во случајот „ТНТ“ кој се однесува на незаконскато уривање на комплексот „Космос“ поради политичка одмазда, почнаа пред нова година.

Судот инсистира процесот да заврши што побрзо, а адвокатите бараат смена на поротничката со истечен мандат, со што судењето би почнало од почеток.