Во Тетово сообраќаен хаос во текот на цела година – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/20 1:17 PM

Во Тетово сообраќаен хаос во текот на цела година

Ако пред неколку години постоеше периоди од годината кога низ градот се појавува сообраќајниот метеж, сега хаосот низ улиците во Тетово е во текот на цела година.

Бројката на возила постојано се зголемува, а навиката на тетовци за стотина метри да користат авотмобил не се менува. Паркинзите недостасуваат, па сообраќајните ленти се претвораат во пакринзи, Честа е сликата низ булеварите да се движат возилата само по една коловозна лента. За да поминеш со автомобил околу два километри во градот ти треба половина час раскажуваат таксистите.

Како најдобро средство за движење во градот е велосипедот, велат тетовци кои ги затекнавме на ова превозно средство и за време на овие зимски месеци.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, вели дека проблемот со сообраќајниот хаос ќе се ублажи со функционирањето на јавното претпријатие Тетово Транспорт. Ветување дека наскоро ќе започне да функционира јавното претпријатие Тетово Транспорт градските власти даваат четврта година по ред.