Белата лавица Бела, млада женка која припаѓа на видот бели лавови, од Ходенхаген, Германија пристигна во Зоолошката градина во Скопје.
Белите лавови се еден од најзагрозените видови во светот, а во природата се речиси во истребување, поради масовниот лов, но и нивната отежната репродуктивност.
Директорот на скопската зоолошка, Ѓорѓи Галетановски, истакна дека ова е првпат во Скопје, но и во нашата држава да има бели лавови, а додаде и дека планираат да донесат и бели тигри, како и други бели животни кои се доста ретки.
-Градот вложува, а Европа се залага што побргу нашата зоолошка да биде европска и што поубаво уредена за животните. Ние сакаме годинава да достигнеме максимална посетеност на Скопје ЗОО, рече Галетановски.
За неколку дена, во Скопје ќе пристигне и белиот лав Чака од Амневил, Франција, со кој заедно ќе живеат во пространо живеалиште адаптирано за нивните потреби.
МИА